Натпис во маркет во Хамбург кој повторно ја обедини Југославија: „Кога таму ќе кажеш наши, не се мисли на овие или оние, туку на сите нас“

ИЗВОРСкопје24
|

Денове ова е главна тема на социјалните мрежи. Над рафтовите од една продавница во Хамбург осамна натпис Ex Jugoslawien, а под истиот, на рафтовите, се сместени производи кои животот на нашите простори го прават посладок и поубав.

Бројни се коментарите под фотографијата која се споделува на социјалните мрежи за тоа дека преку граница не се прашува (точно) од каде си, сè додека си го разбирате јазикот еден со друг.

„Кога таму ќе кажеш наши, не се мисли на овие или оние, христијанство или ислам, на некоја посебна националност, туку на сите нас“, коментираат под југоносталгичната фотографија голем број корисници на социјалните мрежи.

На натписот се наоѓаат знамињата на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Вака, очигледно, полесно е да се најдат балканските производи како ракија, ајвар, кајмак и слично.

таратур.ком.мк