Натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ се огласи: „Ѓорѓе Давид ме натера да се појавам ваква на сцената“

ИЗВОРСкопје24
|

Натпреварувачката во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд, Дана Бушиќ со нејзината последна појава во музичката емисија изненади со својот изглед. Имено, Дана се појави во костим облечена како медицинска сестра, со два црвени крста, а под креацијата носеше долна облека со црвена роза.

Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по се изгледа отиде чекор подалеку со оглед на тоа што тој одлучил Дана да се појави во таа облека, а кандидатката тоа не го сакала.

– Секако дека тоа беше идеја на Ѓорѓе. Не сакав да го носам ова, но му верувам сто проценти. Глупаво си изгледав, но на крајот ми се допадна, кажа таа.

Иако нејзиниот изглед беше невообичаен за повеќето, Дана за „Грандонлајн“ изјави дека во нејзиниот приватен живот ситуацијата е поинаква.

– Ова не е ништо необично што се однесува до мене и моите пријатели. Отсекогаш сум бил различна и сите ме прифаќале на тој начин – вели натпреварувачката.