Наум Петрески зборува за улогата на дедо, а откри и како ја изненадил Зуица за роденден

ИЗВОРСкопје24
|

Наум Петрески важи за еден од доајените на македонската народна музика. На домашната сцена опстојува повеќе од 30 години, во неговата дискографија се испишани над 300 песни, а половина од нив веќе се класифицирани како вечни фолк-евергрини.

Сосема оправдано го носи епитетот златно грло, а деновиве во интервју за Бекстејџ зборуваше за улогата на дедо, а откри и како ја изненадил својата сопруга Зуица Лазова за роденденот кој го прослави минатата недела.

„Уживам во улогата на дедо, навистина имам прекрасна внука и сакам да го минувам времето со неа. Веќе наполни седум месеци, сега и растат запчињата и има мали тегоби и болки, но ќе помине и тоа, рече Наум, па додаде: „За роденден на Зуица и’ купив прстен со охридско бисерче, ја изненадив на свој начин“, заврши фолкерот.

Инаку македонските фолк пејачи Анастасија Петреска и Владимир Поповски пред една година се венчаа, а пред 7 месеци станаа и горди родители на малата Андреа.

Тие често објавуваат фотографии од нивните приватни и работни ангажмани, но овој сега знаат да споделат и некоја фотографија и од својата прекрасна ќерка.