Навивачки и патриотски песни: Македонските навивачите прават неверојатна атмосфера во Букурешт, а Аеродромци во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Се бројат минутите пред почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Украина како втор натпревар на Македонија на ЕП, а атмосферата на улиците во Букурешт пред натпреварот уште од утринава беше неверојатна. Радоста на навивачите едноставно не може да се опише со зборови.

Неколку часа пред натпреварот против Украина на ЕУРО 2020 во Букурешт, македонските навивачи почнаа да се “загреваат”.

Како што можеме да видиме на социјалните мрежи, главниот град на Романија деновиве е обоен во црвено-жолта боја, односно нашите навивачи буквално ги окупираа баровите во романската престолнина.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Навивачки и патриотски македонски песни ечат во главниот град на Романија, со што дополнително се загрева атмосферата пред клучниот меч против Украина.

За разлика од нив, оние кои не можеа да отпатуваат во Букурешт се организираат и групно ќе го гледаат натпреварот на големи видео бумови. Аеродромци се најгласни откако се одлучија натпреварот да го проследат заеднички во паркот Нирнберг во Ново Лисиче, на видео бим кој го постави општина Аеродром.

Зоран Бошковски-Чоко, Драган Мутибариќ, Гого Јовчев и други познати актуелни и поранешни фудбалери ќе им приредат на аеродромци изненадување.

Групното следење на натпреварот на голем видео бим, ќе биде проследен со многу забава и дружење, соопштуваат од општината.