Адвокатот Јанаки Митровски најави тужба за изм ама за велешанецот Тале Витанов кој е во фокусот на јавноста поради тоа што лажно се претстави во емисијата „Срце на дланка“, па се собираа донации за да му се помогне.
-Преварантов од Велес би да го гонам за изм ама. Ако има заинтересирани кои донирале пишете ми, објави Митовски.
-Треба да се гонат тие што снимиле таква репортажа без да направат ни најмало истражување, се надоврзува еден корисник на социјалните мрежи.
-И тоа што одеше на национална телевизија. Одговорност од телевизијата и од авторот на емисијата!, вели друг.
Кога се објавува социјална приказна, нели должност на новинарите е да истражат дали има приказна со вистина или некој лаже. Многу лесно можело да се провери дека човекот фигурира во евиденција на МВР и дека нешто друго се крие зад оваа приказна, се согласуваат револтираните граѓани кои донирале.
Жално е што сега заради ваков профил на лик граѓаните ќе бидат со резерва дали треба да помогнат… Среќа во несреќа е што приказнава ни покажа две лица, дека има преваранти на секој чекор, но дека се уште има хумани и добри луѓе…
Апелот за помош го пренесоа повеќе медиуми, но денеска во јавноста излегоа информации дека Тале Витанов всушност не е толку сиромашен и дека има жена, и дека ја искористил емисијата за да собере донации од хумани граѓани.