Не е се како што изгледа: Брена сaкаше да се направи слаба, па искриви се околу себе (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Се изнагледавме летово фотографии од познатата пејачка Лепа Брена во бикини и мора да се каже дека за нејзини години, таа се „држи“ одлично.

Но, по се изгледа за таквиот изглед најзаслужен бил пријателот, фотошоп.

Тоа најдобро може да се види и по последната фотографија која ја објави познатата пејачка на својот профил на Инстаграм, каде позира во бикини.

И нормално, Брена на фотката изгледа фантастично, но ако малку повеќе ја анализирате ќе забележите дека тука и тоа како „заиграл“ фотошопот.

Инаку, Лепа Брена со семејството реши летово некое време да помине во Монако, а таму налетала не на било кого туку на својата колешка и пријателка Драгана Мирковиќ.

Двете не ја пропуштиле можноста да се пофалат за оваа случајна средба. Па моменто веднаш го споделија на социјалните мрежи.

„Драги пријатели“, напиша Драгана на Инстаграм и воодушеви многумина.