Не е точно дека во Шведска се работи 6 часа, Тамара открива од прва рака како е да се живее меѓу Швеѓаните

ИЗВОРСкопје24
|

Тамара (31) долго време сакала да најде работа како библиотекарка во Србија, но подалеку од 4 месечна пракса нема добиено. Признава дека за да ја фати и праксата, фаќала врски.

Денеска живее во Стокхолм во Шведска, таму е омажена и ја работи работата која ја сака, а еве како оваа девојка без да знае ниту збор шведски успеала да остане и да живее во Шведска.

Во Шведска дошла благодарение на случајното познанство со Швеѓанката Карин која во Белград работела на некој проект. Не верувајќи дека Тамара со знаењето од областа на библиотекарство и информатика не може да најде работа и понудила да биде асистент. После ова Тамара во Шведска добила стипендија и џепарац за понатамошно школување.

Gepostet von Tamara Laketic am Sonntag, 22. Februar 2015

Вика дека шведскиот не бил баш лесен за учење, а благодарение на силниот акцент, Швеѓаните мислат дека е од Финска. Многу често ја прашуваат зошто србите толку многу го сакаат Путин и Русија, бидејќи они и не го сакаат многу. Истотака ја прашуваат зошто многу ги мразат албанците. Вика дека во Шведска баш никој не ја прашал за Новак Џоковиќ, а и доста Швеѓани не знаат каде е Србија, посебно оние помладите.

– Често читам дека во Шведска се работи шест часа. Тоа не е точно, се работи по девет часа. Всушност платени сме за осум, а паузата за ручек не е платено.

Canon F1

Gepostet von Tamara Laketic am Freitag, 11. Januar 2019

Од својата работа живее убаво. Месечно заработува 2.600 евра додека станот и останатите давачки и се околу 1.300 евра. Тамара моментално ја работи работата што ја сака, а во меѓувреме се омажи.

being fabulous in 2014

Gepostet von Tamara Laketic am Donnerstag, 17. Januar 2019

– Многу е ладно, ама после некое време човек на се се навикнува. Овде е тешко да најдеш пријатели, посебно швеѓани бидејќи многу се затворени. Ми недостасуваат луѓето од Белград, и пролетните прошетки.