Не ја фрлајте водата од оризот – не сте ни свесни што сè може да направи за вашето здравје и убавина

ИЗВОРСкопје24
|

Водата од оризот или оризовата вода веќе со векови е популарна во Јапонија бидејќи се користи за нега на кожата, но и за одржување на здравата коса и нокти.

Нема потреба да трошите пари на скапоцени производи за нега бидејќи ова е вашето ново оружје во борбата за поубава кожа и коса. Сè што ви е потребно се едно тенџере, вода и ориз.

Оризовата вода ја негува косата – Употребувајте ја оризовата вода за плакнење на косата, но претходно оставете ја водата да отстои ден или два. За тоа време киселоста расте и доаѓа до развој на антиоксиданси кои ќе му дадат сјај на влакното. Користете ја оризовата вода по секое редовно миење на косата.

Оризова вода за дигестивни проблеми – Доколку ве мачи надуеност, една шолја оризова вода ќе го реши проблемот. Скробот кој го содржи помага во одржување на балансот на цревната флора – ова е здрав и добар начин како да се ослободите од дигестивните проблеми.

Вода од ориз за проблематично лице и акни – Наутро или навечер, натопете една вата во оризова вода и нежно масирајте ги проблематичните места на лицето и телото. Оризовата вода содржи фолна киселина која одлично делува против воспаленијата и ја смирува кожата.