„Не можам да верувам дека е тука“: По 50 години, конечно снег во Саудиска Арабија

ИЗВОРСкопје24
|

Можеби во нашиот главен град, не вее многу снег за разлика од остатокот од земјата, односно паѓа еднаш во годината, а некогаш ниту тоа не се случува. Сега замислете да не видите снег цели 50 години. За некого ова е првиот снег во животот, иако за постарите не е новост, сепак секој би се израдувал на ваквата глетка.

Ова се случи деновиве во Саудиска Арабија, каде снег падна за прв пат по цели 50 години, пренесува „Спутник“. Иако снегот не падна низ целата земја, во неколку делови од Саудиска Арабија наврна доволно за овој многу редок феномен да предизвика восхит, откако снежните бури го погодија Блискиот исток.

Издадено е предупредување за лошите временски услови за неколку делови од земјата, а најпогодениот регион е Асер, каде наврнало најмногу снег.

Многу Саудијци објавија видеа и фотографии од снег во пустината, а најинтересни и најгледани се оние со камилите.

На крајот на јануари, температурата во Саудиска Арабија падна под нулата Целзиусови степени.

Еден корисник на Твитер напиша: „Колку прекрасна глетка, како нешто надвор од Европа. Не сум сигурен дека тоа воопшто е тука“. Друг корисник пак, изрази тага за неможноста да се ужива во снежните врвови на планините.

Метеоролозите соопштија дека се очекуваат температурите на крајниот север на Кралството да се намалат уште повеќе во блиска иднина, а властите издадоа предупредувања за екстремни временски услови во бројни области низ Саудиска Арабија.