Не му се допаднало уреденото: Маж не пуштал работници да заминат, морала да интервенира полиција

|

Вчера во 17.20 часот на улица „Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(55) од гостиварско Србиново.

Тој се сомничи дека со употреба на сила ги држел во својот дом М.Р.(35) и Џ.Ч.(26), двајцата од Гостивар, затоа што не бил задоволен од извршените работи при монтажа на инвентар во неговата куќа.

Лицето било задржано во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.