Под влијание на стабилна, сува и ТОПЛА воздушна маса од југ, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Исклучок ќе биде само сабота попладне кога се очекува локално зголемување на облачноста кое ќе услови локален кратотраен дожд.
Наутро температурите речиси насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22, 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Ќе биде стабилно и ПРОЛЕТНО ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.
Во текот на следната седмица Балканот, како и Македонија ќе бидат зафатени од нов ЗИМСКИ УДАР. Детална анализа околу ова следува во деновите кои се пред нас.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!