Не правете ги овие грешки при ракувањето со клима-уредот

ИЗВОРСкопје24
|

Во овие летни денови едноставно возењето без клима уред е невозможно исто така треба многу да се внимава  на користењето на клима-уредот иако е многу едноставно, треба да се притисне само едно копче. Сепак е потребно да се внимава на неколку работи, за воздухот да се лади оптимално и уредот да не се оштети.

Ништо не ги радува возачите повеќе во летно време, од студениот воздух од клима-уредот. Но, на овој корисен уред речиси воопшто не му се посветува внимание. Постојат неколку работи, на кои треба да се внимава, за климатизацијата да работи оптимално.

1 Клима-уредот се остава сам да ја постигне потребната температура
Погрешно е веднаш да се седне во автомобилот и да се појде, додека се остава клима-уредот сам да си ја заврши работата. Може да му се олесни работата на клима-уредот, со тоа што вратите ќе се остават отворени кусо време пред поаѓањето. Тоа ќе овозможи врелиот воздух да излезе. Не е на одмет да се потроши малку време при барањето паркинг и возилото да се остави во сенка или евентуално да се постави заштита од сонце. Кога температурата е пријатна и возењето е побезбедно, затоа што концентрацијата опаѓа кога е премногу жешко.

2 Доводот на воздух однадвор се прекинува
За кабината да се излади брзо по поаѓањето, помага ако се вклучи рециркулацијата. На тој начин се разладува само воздухот во кабината, без да се вовлекува нов, топол воздух однадвор. Ако притоа и температурата на климата се пушти на најниско, кабината се лади за кусо време. Но, не треба да се заборава на следново: Рециркулцијата треба да се исклучи по пет минути, во спротивно се зголемува концентрацијата на СО2 во кабината.

3 Се избира прениска температура
Кога кабината ќе почне да се лади, на клима-уредот треба да се намести саканата температура. Премногу ладно не е здраво – се препорачува температура меѓу 20 и 22 степени Целзиусови.

4 Дополнително се отвора прозорец
Свежиот воздух од надвор и лесниот провев низ подотворениот прозорец прават да биде попријатно, но поради постојаниот довод на топол воздух, клима-уредот се оптоварува непотребно. Покрај тоа, кабината се лади побавно.

5 Се остава бактериите да се шират во клима-уредот
По првото вклучување на климата по подолго време, може да се почувствува непријатна миризба. Тоа обично трае само неколку минути, така што повеќето возачи не посветуваат внимание. Но, миризбата не треба да се игнорира, затоа што е знак дека се шират бактерии во уредот. Треба итно да се изврши дезинфекција. Тоа секој може да го направи сам, со купување средство за дезинфекција во продавница за авто прибор.

6 Климата се исклучува заради штедење гориво
Точно е дека клима-уредот ја зголемува потрошувачката. Но, тоа не е причина за таа да се исклучи. Во подолг рок, некористењето на клима-уредот води до оштетувања, чијашто поправка чини повеќе од горивото што ќе се заштеди. Деловите од клима-уредот се подмачкуваат додека истиот работи.

7 Се прескокнува редовното сервисирање
Редовното одржување на клима уредот е еден вид вложување во неговата исправност. Системот губи течност за ладење со текот на времето. Со тоа попушта ладењето. При пропишаниот период на сервисирање, се дополнува средство. Професионалците воедно ќе проверат и дали системот некаде пропушта. Најважно е тоа што самото средство за ладење дејствува и како средство за подмачкување. Доколку нема доволно средство, штетите не бегаат. Најдобро е сервисирањето да се врши на секои две години.

8 Уредот не се гасне пред завршетокот на возењето
Исклучувањето на клима уредот две три минути пред завршетокот на возењето е корисно. На тој начин се овозможува да испари кондензираната вода што се собира при работата. На тој начин се спречува ширењето бактерии и габи, како и создавањето непријатна миризба при работата на клима-уредот.

Извор: Аутимедиа.мк