Не сакаат да соработуваат: Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам

ИЗВОРСкопје24
|

Во саботата наутро во болницата „Филип Втори“ животот го загуби поранешниот пратеник Амди Бајрам, а веќе неколку часови подоцна се потврдија информациите дека тој бил позитивен на новата болест, при што за очекување беше дека сите негови контакти треба да одат во самоизолација. Но напротив на тоа вчера, во неделата, пратеникот беше испратен до своето вечно почивалиште со огромен број на негови поддржувачи и роднини и пријатели, иако според последните рестрикции дозволено е собирање на 10 луѓе максимум за погреб.

Имено во медиумите неколку дена претходно проструи информацијата за големата свадба која тој ја организираше за својата внука во Турција, но не потврдено каде тој се заболел, па поради тоа потребно е да се направат епиде*иолошки анкети на сите присутни и најблиските кои биле во контакт со него.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, велат дека не може да ги најдат сите гости и контакти, односно дека тие не сакаат многу да соработуваат со нив.

Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека не сите сакаат да разговараат со нив и да им ги дадат потребните информации.

– Синот ни рече дека не бил во контакт со татко му, бидејќи живееле на различни катови во куќата од пет ката. Сопругата ќе оди во изолација, а возачот што ги однел во Истанбул воопшто не сакаше да комуницира со нас, па ние не можеме да натераме никого. Вели, не сака да даде никаков податок ниту каде бил, ниту со кој бил, како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопје и не знаеме како да постигнеме. На почетокот кога имаше по 30 заразени дневно дури и дома одевме кај пациенти да им направиме епидемиолошка анкета, сега тоа е излезено од контрола. Како да направите епидемиолошка анкета кога секој ден има по 200 заразени лица во Скопје. Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, била спроведена од полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават, точно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети, прашуваат зошто нема капацитети, рече д-р Стојанов за Слободен печат.