Нe се погоди новиот асфалт на Бихаќка – Дождот направи цело езеро среде новиот булевар (ФОТО)

|

Новиот асфалт на локацијата која повеќе од еден месец беше раскопана и каде се правеше огромна гужва, крстосницата меѓу ул. Јордан Мијалков со улицата Бихаќка, не се покажа уште на првио дожд

Како што можеа вчера да видат возачите кои сообраќаат во овој реон, пред семафорите е формирано мало езерце со вода и на секое поминување на возилата, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите.

(Фото – Плусинфо)