Не се променила многу: Миа Костова покажа ретка фотографија, како изгледала како матурантка (ФОТО)

|

Некогашната македонска водителка на Бекстетјџ Миа Костова иако повеќе ја нема на тв екраните сеуште е многу активена на социјалните мрежи, а најчесто на својот „Инстаграм“ профил каде што речиси секојдневно постира фотографии и видеа.

Таа на своите фанови им покажува што прави, како го поминува времето, ги рекламира своите пријатели, дава совети и препораки, покажува како се дружи со својот син Андреј кој и е најважната личност во животот и одговара на прашања од своите пријатели и фановите.

Во време на здравствена криза виртуелната комуникација со своите следбеници е можеби единствениот начин на комуникација, па затоа често ја користи опцијата за „прашања и одговори“ на социјалната мрежа Инстаграм.

Меѓутоа, Костова деновиве извади фотографија од архива, а такви фотографии имаме сите и некогаш знаеме да пребаруваме по постарите албуми и да се потсетиме како сме изгледале некогаш.

Овој пат, водителката се потсети на периодот од крајот на средношколските денови, односно на барање на вирутелните пријатели покажа како изгледала на матура.

Таа позира до басистот на Нокаут, Виктор Николовски, а за оваа прилика е облечена во црни панталони во комбинација со црна маица и високи потпетици. Исто така, таа нема руса коса по која е препознатлива денес, туку има долга кафена коса.

„Кој ми бараше слика од матура?“, напиша екс водителката до објавата.