Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста.
Премиерот ја повика собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да се вратат на работа, а МВР да истражи како се случи затвореното излагање на Димовски во Комисијата да се пренесува во живо на Јутјуб.
Владата во средата одлучи да започне постапка за одземање на државјанството на Онишченко, кому истата оваа Влада во мај годинава му го додели. Директорот на АНБ, Виктор Димовски, минатата недела реферираше…
Целиот текст прочитајте го на Алсат М со клик ТУКА.