Не смее да ја има оваа ознака – Која проѕирна фолија е безбедна за чување храна

|

Кога ќе ставаме намирници во ладилникот или пак дел од ручекот кој ни останал, важно е да користиме проѕирна фолија.

Таа спречува храната да се исуши со тоа што спречува да дојде до оксидација. Сепак, има важно правило.

Кога бирате проѕирна фолија изберете ја онаа на која пишува без ПВЦ, за да не дојде до труење со храна.

Како правилно да изберете и да вапсате јајца за Велигден: Оставете ги да вријат 12 минути од моментот кога ќе забележите дека водата зоврела

Велигденските празници се на прагот, а оваа година ќе ги дочекаме поразлично од кога и да е досега, во кругот на потесното семејство, во кое радоста и празничната атмосфера не треба да изостанат.

Иако оваа година одењето на гости и чекањето гости не е препорачливо, сепак вапсањето на велигденските јајца е нешто без кое не може и не смее да се одбележува овој празник над празниците.

Кога станува збор за боење на јајцата, токму тука се појавува дилемата кои се најдобри и најсоодветни јајца за да добиете совршено обоени површини како и убави, рамномерно распоредени и декорирани бои.

Токму затоа, доколку сакате вашите велигденски јајца оваа година да бидат уникатни по шаренило и во најразлични бои, мора да се потрудите да изберете соодветни јајца за таа намена. Секое јајце е соодветно за вапсање.

Кафени јајца за црвена, бели јајца за сите други бои Кога ќе одите во набавка на јајца за Велигден, купувајте јајца со кафена лушпа доколку сакате да ги боите со црвена боја. Овие јајца имаат „моќ“ рамномерно да ја впијат оваа традиционална боја за вапсување. Доколку, пак, сакате велигденските јајца да ги обоите во жолта, зелена, розова или сина боја, во тој случај препорачливо е да се одлучите за јајца со бела лушпа. Светлите јајца само ќе ви послужат како ваш верен сојузник за добивање уникатна боја.

Правила кон кои мора да се придржувате

Кога ќе купувате јајца за Велигден, важно е да ги следите и следните неколку правила: секогаш купувајте чисти и неоштетени јајца; најдобро е да ги оставите да вријат 12 минути од моментот кога првпат сте забележале дека водата почнала да врие; доколку не ги бојосувате јајцата со природни состојки, во тој случај одберете ќесички со боја на која пишува дека е т.н. прехранбена боја; свежите јајца се потенцијален извор на салмонела, па токму затоа пред да ги ставите во тенџерето, треба убаво да ги измиете со млака вода; секогаш вапсајте онолку јајца колку што сте сигурни дека ќе ви бидат потребни. Тоа е единствениот начин да не се доведете во состојба да мора да ги фрлите откако ќе помине празникот.