Не смее да објавува фотографии: Северина на оригинален начин му го честита роденденот на својот син (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватската пејачка Северина по разводот од поранешниот сопруг го доби старателството врз синот Александар, но минатата година истото и беше одземено од страна на судот, па таа доби дозвола да го гледа само неколку дена во неделата. Вчера Александар имаше роденден, а пејачката призна дека иако не смее ни да објавува фотографии со нејзиното дете, најде начин како јавно да му честита роденден и притоа да не ја прекрши судската одлука.

Имено, таа објави графит од нив двајцата заедно со песна од Балашевиќ и емотивна посвета:

-Кога се роди, во Сплит врнеше снег. Кога се роди ти, се родив и јас. Привремено не ми е дозволено да објавувам твои слики, но графитите на ѕидот на една куќа, кои штотуку ги добив, сè уште не се забранети… Ви благодарам добри луѓе што ми ги испративте овие графити и благодарам на авторот,.. Среќен роденден, чудо мое – напиша Северина.

Видеото од графитот можете да го погледнете со клик ТУКА.