Не сте пробале нешто повкусно: Турско пиде кое може да го приготвите со разни комбинации

ИЗВОРСкопје24
|

Турската пица, која ја нарекуваат пиде, има форма слична на пастрмајлијата. Се полни најразлично, секој по свој вкус, разни комбинации.

Состојки за тесто

брашно по потреба 1 лажиче шеќер 1 лажиче сол 1 сув квасец (вообичаено до 700 гр брашно најмногу, за повеќе брашно, ставам 2 ќесички) 2 лажици маслиново масло вода половина од брашното Состојки за полнење:

маслиново масло кулен црвена пиперка зелена пиперка маслинки млад кромид кашкавал 1 лажица маслиново масло чурекот.

Постапка:

Ставете го квасецот со шеќерот во млака вода да стаса. Во еден длабок сад за месење, ставете го просеаното брашно. Додадете ја солта, маслото, квасецот, водата и замесете меко тесто. За меко тесто, секогаш треба половина вода од брашното, а може и малку повеќе. Оставете го покриено да нарасте. Потоа, по потреба, направете неколку топчиња, може две, може 3 или четири, зависи колку големи сакате. Расукајте ги во елипси. Јас направив едно огромно пиде, едвај го собра во плехот. Потоа премачкајте ги со маслиново масло. Наредете ги состојките како сакате, не мора да ги редите симетрично, и онака кашкавалот ќе ги покрие сите состојки. Превиткајте ги страните, а краевите растегнете ги и завиткајте ги на една страна. Превитканите страни премачкајте ги со масло и наросете ги со чурекот. Одозгора ставете рендан кашкавал и печете на 220 °C до сакана боја. Сервирајте со салата и уживајте во превкусното пиде.

Куленот ми се истопи, пушти лут, црвен пипер, што да ви расправам, превкусно. Тестото преубаво, беше останало едно парче, исто си остана цел ден, крцкаво, а меко внатре.