Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Започнува зимското сметање на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Нашата земја и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Имено уште пред неколку години се дискутираше за целосно укинување на летното и зимското сметање на времето, па според последните податоци ова би можело да биде последно поместување зошто Европскиот парламент, во март 2019 година изгласа укинување на правилата „до крајот на 2021 година“. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сепак, со оглед на Брегзит и посебно поради болеста, проблемот на сметање на времето е турнат на страна па може донесувањето на решение да се одложи се до 2022 година. Исто така, можно е да се случи консензус, односно сите земји да се согласат на ист модел, веројатно летниот.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.