Недела нема да стане неработен ден за брзо време

ИЗВОРСкопје24
|

Откако со драфт верзијата на законот се определија дејностите во кои ќе биде дозволено да се работи во недела, министерот за за економија Крешник Бектеши излезе со став дека трговските центри треба да работат во недела, за синоќа во емисијата Топ тема вицепремиерот Фатмир Битиќи да каже дека закон со кој неделата ќе стане неработен ден нема да се донесе додека трае кризата со болеста.

Тој појасни дека во периодот на кризата не сакаат финансиски да им наштетат на работодавците, па затоа за овој закон уште ќе се дебатира.