Неделен хороскоп (27.09-02.10.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Не ве очекува поволен период за работа, па немојте да ризикувате во било кој поглед.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можно е да не умеете да ги покажете своите емоции на вистинскиот начин.

ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете склони на бројни проблеми. Осетливост на целото тело.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Многу сте професионални, максимално сте и посветени на работата и важно ви е да обавите се што сте испланирале.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува мало заладување на односите со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можна е вкочанетост, осетлив грб, вратен предел и рбет.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Целите кои сте си ги поставиле пред себе сега нејасно ги гледате и не сте баш блиску до остварување на амбицииите.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ќе имате постојани конфликти со саканото лице, таа ситуација ќе почне сериозно да ве заморува.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со главоболка, мигрена, синуси.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Таман помисливте дека некои работи во работата сте ги довеле во ред, сега нови проблеми ќе ви се појават, но без грижа.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација дополнително ве оптеретува бидејќи имате впечаток дека партнерот не ве разбира како што треба.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со варењето.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Можно е да не ви е сосема лесно да остварите некои нови деловни договори иако тоа сте го посакувале.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува многу страствена средба со едно мистериозно лице.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за хормоните.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Доколку сте имале некои очекувања поврзани за полето за финансии, тие ќе ви се исполнат оваа недела.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта делувате како да немате баш јасни намери со некое лице, не сте се претставиле баш најдобро.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со апетитот.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Имате впечаток дека проблемите ве притискаат од сите страни, но решението ќе ви дојде наскоро.

ЉУБОВ: На полето за љубов дајте се од себе за сакото лице да биде задоволно, не ги штедете емоциите.

ЗДРАВЈЕ: Можна главоболка, омалаксаност и замор.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Оваа недела нема да имате премногу работа, ќе имате време за себе, семејството и пријателите.

ЉУБОВ: Во љубовта можете да очекувате генерално солидна ситуација и блискост со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со несоница и вознемиреност.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Пред вас е добар период за развивање на односи со колегите и соработниците.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува некоја интересна средба во тајност, далеку од љубопитните погледи.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Можно е да успеете да го остварите деловниот напредок кој сте го имале во план.

ЉУБОВ: Саканото лице ви предлага малку повеќе да се посветите еден на друг, прифатете со задоволство, тоа дополнително ќе ве поврзе.

ЗДРАВЈЕ: Генерално добро, можен мал проблем со кожата.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ве очекува фаза во која ќе имате среќа при извршување на работите поврзани за странство.

ЉУБОВ: Со саканото лице немате баш најдобра комуникација и склони сте на кавги.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со омалаксаност, недостаток на енергија и сон.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: На финансиски план можете да очекувате некој вид на подобрување во оваа фаза.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, склони сте на промени и ве очекуваат бројни познанства и прилики за флерт.

ЗДРАВЈЕ: Можен зголемен притисок, но и зголемена температура.