Нејасно е каква симболика крие: Ирена Спасовска ги изненади фановите со новата тетоважа

ИЗВОРСкопје24
|

Тетовирањето не е само цртеж на кожата, туку живот. Без разлика дали трајното нанесување на мастила во различни бои симболизира бунтовност, специфичен начин на изразување или уметност, секогаш најважна е приказната. Со различни мотиви своите тела ги имаат „насликано“ многу познати Македонци, а ним им се придружи и Ирена Спасовска.

„Музиката е мојот живот“ е пораката која фолк-пејачката ја истетовира на левата рака. Таа се пофали со уште една тетоважа на градите, но засега е нејасно каква симболика крие овој цртеж.

По турбуленциите од нејзиниот приватен живот, пејачката пред извесно време уживаше на одмор од соништата.

Иако сезонските одмори се уште не започнале, тоа не ја спречи Ирена да ужива на егзотичните дестинации.

Имено, пејачката беше во Доха и Катар каде што посети неколку туристички атракации, а од таму секојдневно ги известува своите следебеници за нејзините активности.

Спасовска дури објави фотографија на која друштво и прави еден Шеик.

За потсетување, минатата година Ирена Спасовска по 13 години брак се разведе од новинарот Орце Гелевски.