Скорпија
Отворени се да се впуштат во приватен бизнис и за нив важи правилото дека целта ги оправдува средствата. Вредни се, сакаат пари и не им е тешко да ги заработат.
Скорпиите имаат силна интуиција, па кога станува збор за работата, си веруваат единствено себеси.
Јарец
Јарците се амбициозни, но умеат да бидат сурови и ладнокрвни, што е добро кога станува збор за бизнисот. Систематични се пред да се впуштат во некои претприемачки води, сакаат детален план.
Нивната цел се парите и умеат да бидат немилосрдни за да дојдат до нив.
Девица
Девиците се прецизни и детални, а а тие способности се корисни кога станува збор за финансиите. Играат на сигурно, не влегуваат во ризични работи и матни зделки.
Посебно ги ценат работата и трудот вложени за да ја постигнат саканата цел, па истиот однос го имаат и кон парите.