„Некои жени стареат како кондури, некои како вино“ – Ирена Спасовска како од мајка родена го прослави роденденот (ФОТО)

|

Фолк пејачката Ирена Спасовска на оригинален начин го прослави својот роденден – со роденденска фотосесија која ја сподели и на „Фејсбук“. На една од фотографиите пејачката е топлес.

„Некои жени стареат како кондури, некои како вино“, напиша таа посакувајќи си среќен роденден.

Nekoi zeni stareat kako konduri nekoj kako vino… Happy birthday to me❤️🍷🎉🎉🎉🎈🎈🎈🎂🍾🍾🍾🥂🥂🥂🎇🎇🎇🎉🎉🎉🎈🎈🎈🎆🎆🎆🍾🍾🍾🎇🎇🎇 📸Photo by Janus🔥🔥

Gepostet von Irena Spasovska am Sonntag, 8. September 2019

Среќен роденден на Ирена и од нас и нека ги радува фановите уште долго со вакви интересни и провокативни фотки!

Инаку, фолк пејачката и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевски долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, па веста за нивниот прекин ја изненади јавноста. Орце вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.

„Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше“, изјави Орце во една прилика.

Оваа животна лекција скапо го чинела Гелевски.

„Продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција“, вели тој.