Неколку категории родители нема да плаќаат за градинка во Аеродром

ИЗВОРСкопје24
|

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки. Оваа одлука е изгласана на денешната седница на Советот на Општина Аеродром, а по предлог на дел од родителите чии деца се згрижени во детските градинки „Срничка“ и „Буба Мара“, информира Општината.

Со одлуката, од плаќање месечен надоместок се ослободуваат следните категории родители:

Родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете.

Самохран родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободува од плаќање месечен надоместок на детето/цата.

Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи (невработени лица) се ослободуваат од плаќање месечен надоместок на детето/цата;

Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/цата;

Родители на деца со посебни потреби се ослободуваат од плаќање надоместок за престој на детето/цата.

Ослободувањето се однесува за период од 1.9.2020 до 31.12.2020 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани, соопшти Општината.