“Некст Тајм” објавија што се случило годината кога настапуваа на Евровизија со што ја потврдуваат политичката позадина и циркузот на ова шоу

loading...

Можеби после ова ќе ни дојде умот и ќе престанеме да фрламе пари за глупости…

“Кога сме деновиве кај Евровизија и сличните циркуси на лобирање, политички игри, географско релациони поени и се освен музика не, веројатно не сте знаеле дека 2009 година кога Некст Тајм беа претставници на Република Македонија, со само 22 години и една година искуство на сцената професионално настапија со песната “Нешто што ќе остане”.

Веројатно не сте ни знаеле дека можеби сме последен претставник од тогаш па до 2018 год. кои што според поени влегол во финале, но стручното жири на Евровизија одлучи да ги смени Некст Тајм и да стави своја земја од Скандинавските простори ,Финска.

Да ние како млади дечки, деца, момци , бевме разочарани но нашата разочараност беше уште поголема кога го дознавме сето ова. Како и да е еве ви мал податок околу тој наш настап, нешто што веројатно не сте го знаеле бидејќи немало кој да ви каже (новинарите).

Како и да е и после 9 години од тој настап и наше лично разочарување ние сме тука сеуште со голем елан мотивација за успех и докажување”, напишаа “Некст Тајм” на Фејсбук.

Кога сме деновиве кај Евровизија и сличните циркуси на лобирање, политички игри, географско релациони поени и се освен…

Gepostet von Next Time am Sonntag, 13. Mai 2018