Нема да препознаете дека е истата личност: Тежела 135 килограми и се плашела од огледало, денес е згодна фитнес инструкторка

ИЗВОРСкопје24
|

Американците важат како нација која многу често конзумира брза храна, па не е ни чудо што голем процент од нацијата е со прекумерна тежина. Ваквата состојба не само што е проблем од естетски карактер, туку полошото е што тоа влијае на квалитетот на животот и здравјето. Поради тоа се почести се луѓето кои на социјалните мрежи сакаат да го шират здравиот начин на живот и физичката активност.

На прв поглед Американката Дезирње Алексис- Кае Мајз е само уште една девојка од Инстаграм, која се грижи за здрава исхрана и навики, но сепак нејзината приказна е неверојатна. Имено таа пред само две години имала  неверојатни135 килограми и имал проблем да се погледне во огледало. Нејзината самодоверба била разнишана и здравјето и висело на конец.

-Тоа беше најлошиот период од мојот живот. Веројатно можев да добијам уште поголема тежина затоа што човек во таква состојба едноставно одбива да се соочи со реалноста, вели Дезире, која има само 25 години, а најлошиот период го минала на само 21 година.

Еден ден, таа едноставно одлучила да го промени животот и се заколнала дека ќе вежба и ќе јаде здраво и посетила лекар. Беше јасно дека килограмите нема да исчезнат без операција на стомакот што ја направила пред една година, а во последните две години успеала да стопи дури 68 килограми.