Драгана Мирковиќ е повеќе од три децении на јавната сцена, а нејзините големи хитови ги слушаат и новите генерации до ден денес.
Покрај блескавата кариера и големиот број на хитови таа се гордее со тоа што народот ја сака и има најверна публика и обожаватели.
Таа иако е една од најпопуларните пејачки се гордее на своето семејство, особено на својот сопруг Тони Бијелиќ со кого е 24 години во брак и имаат две деца, ќерката Мануела и синот Марко.
Пејачката пред неколку дена го прослави својот роденден, а меѓу првите и честиташе токму сопругот Тони.
„Среќен роденден љубов“, напиша тој на својот Инстаграм профил, на што му возврати пејачката со „ти благодарам љубов“.
Честитка и упати и синот кој напиша дека таа е најдобрата мајка на светот.
Драгана за верување или не наполни 55 години.