Нема зголемување, дури може во одредени сегменти да има и намалување на цената на струјата, вели Ковачевски

|

Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија.

Во наредниот период работиме на тоа да нема зголемување, дури може да има во одредени сегменти и намалување на цената на електричната енергија. Ова денеска премиерот Димитар Ковачевски го најави на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 отсто во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 илјада мегават-час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“, рече Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека сметките за струја на малите потрошувачи се намалени за 20 отсто затоа што потребите се покриваат само со домашно производство на електрична енергија.

„Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија. Многу благо покачување има во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани кои трошат поголеми количини на електрична енергија кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зима, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа можат да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали за 20 отсто, тоа се компании кои вработуваат 98 отсто од вработените во државата“, истакна Ковачевски.

Според премиерот има обезбедено доволно енергија за да нема недостатоци.

Целиот текст прочитајте го на 360степени.мк со клик ТУКА.