Неможете да го продадете автомобилот? Со овие пет совети ќе го продадете брзо

ИЗВОРСкопје24
|

Продажбата на автомобили не е воопшто лесен процес, впрочем, постојат многу фактори кои што влијаат врз тоа дали полесно или потешко би го продале автомобилот, а неретко се случува луѓето да продаваат сосема солиден автомобил подолг период. Познавајќи ја фрустрацијата која што се јавува кај секој продавач, во оваа статија, Вие ќе имате можност да прочитате 5 работи кои треба да ги направите а воедно и да ги имате предвид, доколку, се разбира, сакате да постигнете извонредна ефикасност при самиот процес на продажба на автомобили!

#1 Објавете оглас на сајт
Откако ќе донесете конечна одлука околу продажба на вашите автомобили, еден од првите чекори кои што треба да го преземете е одбирањето на сајт кој што се одликува со огромна посетеност, а дури потоа да го регистрирате вашиот оглас. Причината е и повеќе од едноставна – колку што е посетеноста поголема, толку би биле и поголеми шансите за да полесно ги продадете вашите автомобили, бидејќи на крајот од денот, сѐ зависи од тоа дали вашиот оглас ќе биде забележан од широкиот спектар на заинтересирани купувачи.

Овие податоци со сигурност ќе ви наговестат што можете да очекувате во моментот откако ќе регистрирате оглас, а воедно, и да ви гарантираат успех, бидејќи нема да помине долго пред да стапите во контакт со огромен број на потенцијални клиенти чија што намера е да го купат токму вашиот автомобил кој што го продавате!

#2 Внесете ги потребните информации за возилото
За клиентите добро ја разберат вашата порака пренесена преку оглас, потребно е да се обрне внимание на начинот на кој што ги уредувате огласите, а тоа вклучува пишување на читливи, едноставни за разбирање, и концизни огласи со јасно дефиниран наслов, опис и завршен дел.

Па така, одбегнувајте да објавувате огласи кои целосно се сочинети од „продавам автомобилl“, а наместо тоа, во описот наведете повеќе информации oколу брендот на возилото – BMW, Audi, Volkswagen, Ford, Mercedes, Opel, Peugeot, Fiat, Renault, Seat, моделот, цената, опремата, километражата и состојбата – дали се работи за нови или половни автомобили, и сл.

На крајот, во завршниот дел, внесете го вашиот телефонски број за контакт или e-mail адреса, бидејќи тоа ќе им помогне на заинтересираните купувачи полесно да ве контактираат.

#3 Направете добри фотографии
За да ги зголемите шансите за продажба, повеќе од неопходно е да прикачите слики во огласот, бидејќи на тој начин Вие ќе ја зголемите ефикасноста, а покрај тоа, ќе им помогнете на потенцијалните клиенти подобро да се запознаат со автомобилот кој што го нудите. Имајќи го предвид фактот што живееме во модерно време, речиси секој еден од нас има мобилен телефон со камера, а тоа значи дека фотографирањето нема да Ви одземе голем дел од времето кое го имате на располагање.

Втората опција е да ангажирате и професионален фотограф кој што има искуство во позиционирањето на аглите за фотографирање, светлото и останатите параметри кои се клучни за да сликата изгледа прекрасно. Во секој случај, ако го правите тоа самите, потрудете се сликите да изгледаат што е можно подобро, да не изгледаат матно, туку напротив, да ја постигнат главната цел а таа е да го привлечат вниманието кај оние кои што се во потрага по моделот што Вие го продавате.

#4 Поставете реална цена
Како сопственици на автомобили, нормално е дека ќе си го цените својот автомобил како да е нешто највредно во животот, а кон ова голем придонес има и фактот што сепак се работи за продажба, која пак може да гарантира одлична заработувачка каква што би сакале да имаме.

Но, да бидеме реални, насекаде во светот, па и во Македонија, луѓето постојано следат многубројни огласи за автомобили, и до некаде знаат како се движат цените, па затоа, потрудете се цената да биде во границите на нормалното, бидејќи никој не би платил неколку илјадници евра плус, доколку нема причина за тоа. Се разбира, исклучоци постојат, а тоа е кога возилото е ново, одлично сочувано, и има поминато малку километри, така да, во овој случај, вашата цена може да биде за 20-30% повисока од вообичаената цена по која што се продава автомобилот.

#5 Активирајте eкстра опции за побрза продажба
На пример, опцијата за „посебно означување“ ќе го обои вашиот оглас во впечатлива, жолта позадина која ќе го привлече вниманието кај посетителите.

„Топ позиционирање“ – ќе направи вашиот оглас да се прикаже најгоре во листата со огласи со тоа што Вашиот оглас ќе се истакува од останатите.

„Автоматско обновување“ – целта на оваа опција е да овозможи вашиот оглас да биде обновен на секои 3 дена, односно 6 пати во период од 18 дена.

Направете основни поправки:
Покрај петте работи кои треба да ги направите за да имате брза продажба на автомобили, од огромна важност е и една споредна работа, а тоа е да инвестирате помала сума на пари во основни поправки. Тоа можат да бидат гребнатинки, промена на моторно масло доколку возилото поминало 5-10.000 километри, хемиско чистење на возилото, одбирање на ароматични мириси, и сѐ останато што би го натерало купувачот да го одбере вашето возило. Па така, кога ќе дојде периодот за тест возење, потенцијалниот купувач ќе почувствува дека сѐ е во ред со возилото, а воедно, би бил и повеќе од среќен за да ја финализира купопродажбата.