НЕОБИЧНО, НО ПРЕКРАСНО: Три сестри истовремено се породија- на свет дојдоа 4 бебиња

ИЗВОРСкопје24
|

Стефана, Дарија, Урош и Ања утрово се родија во Цетиње во интервал од два часа. Во целава „приказна“ не би било ништо необично доколку овие 4 деца не ги родија 3 сестри.

Гинеколошкиот тим го предводел д-р Предраг Јововиќ, а со него во болницата во Цетиње биле уште двајца гинеколози, анестезиолог и педијатар, за сите три породувања.

„Раѓањата поминаа добро. Мајките и нивните деца се добри“, изјави д-р Јововиќ

Истовремено во болница во Цетиње се породиле Оливера, Јасна и Јелена. Прва, во 9 часот се породила Оливера, која на свет ја донела Стефана, потоа Јасна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот се породила и третата сестра Јелена со малата Дарија.
Како што пишуваат црногорските медиуми, најсреќна денес е Мара Мугоша, мајката на трите сестри, која во само два часа доби четири внучиња.


Мара доживеала необична и ретка среќа за два часа да добие 4 внучиња од своите три ќерки.