Неочекувани начини за употреба на омекнувач за алишта во домаќинството

ИЗВОРСкопје24
|

Омекнувачот за алишта, освен што облеката ни ја прави помека и поудобна, во домаќинството може да се користи и за некои други потреби. Еве неколку интересни совети за повеќекратна употреба на оваа миризлива течност.

1. Освежува простор – Доколку не сакате парите да ги трошите на купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами – од омекнувач. Шешето со распрснувач наполнете го со вода и омекнувач во сооднос 1:3. Со оваа течност испрскајте ги своите завеси, килим и други ткаенини кои сакате да имаат убав мирис. Исто така, можете со тоа да ја освежите и внатрешноста на својот автомобил.

2. Отстранува статички електрицитет – За да спречите брзо насобирање на прашината на вашиот телевизор или пак на други пластични површини во станот, неколку капки неразреден омекнувач ставите на крпа за бришење прашина и избришете го со неа саканиот предмет. Така ќе спречите ширење на статичкиот екетрицитет кој привлекува прашина и ќе имате чист и мирисен мебел.

3. На мазните површини им дава совршен сјај – Сакате ли да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава совршен сјај, тогаш помешајте чаша омекнувач со четири чаша вода и ставете го во шишето со распрскнувач. Попрскајте ја со оваа течност крпата за бришење прашина и избришете ги со неа стаклените површини во станот, туш кабината и другите цврсти и мазни површини и потоа избришете ги со сува крпа.

4.Го олеснува вадењето на старите тапети – Со помош на омекнувач можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направите мешавина од едно до врвот полно капаче од омекнувачот и четири филџани вода. Синѓер натопете во течноста и нанесете го на тапетите. Оставете го 20-30 минути и потоа лесно ќе се извадат тапетите од ѕидот.

5. Ги омекнува и четките за бојадисување – Четките за бојадисување ќе бидат повеќе меки ако после употреба ги исперете во вода во која сте капнале неколку капки омекнувач. Исушете ги и потоа подгответе ги. Бидете сигурни дека при следната употреба повеќе нема да бидат така тврди и крути.