Неофицијални информации: Сите економски субјекти со работа до 23 часот, автобусите да возат со 50% капацитет

ИЗВОРСкопје24
|

Како што објави ТВ21 неофицијално денеска на владината седница се донесени неколку одлуки со што се воведуваат нови мерки за заштита од болеста. Меѓу нив се забраната за работа на сите економски субјекти по 23 часот, автобусите да возат со намален капацитет за 50 проценти, како и тоа државната и јавната администрација да работи онлајн од дома.

-Препорака до цела државна и јавна администрација до ошпштините и судовите согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени, редуцирано или онлајн од дома

-Автобусите да возат со 50% намален капацитет

-Сите економски субјекти да работат до 23 часот

Инаку денеска во Собранието не се расправаше по предлог измените на законот за заштита на населението од заразни болести.