Непристапниот терен и ветерот ја отежнуваат работата: Гори Скопска Црна Гора (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Попладнево избувна пожар помеѓу селата Брњанци и Страчинци на падините на Скопска Црна Гора, пожарот се движи кон кумановското село Мојанце.

Екипите на ДЗС се на терен и го гаснат пожарот со канадери. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.