Несекојдневно јадење: Нежни пилешки топчиња потпечени во сос

ИЗВОРСкопје24
|

Смачено ви е од пилешки стек со прилог од компири или зеленчук, а не можете без пилешко? Време е да пробате малку поинаков начин да уживате во пилешкото месо – како овие мали залачиња зачинето пилешко. Се приготвуваат брзо и едноставно, а сепак се несекојдневно јадење. Достоен ручек за викенд.

Потребно е: 500 г пилешко месо, 1 главица кромид, 1 јајце, 2 чешниња лук, 200 мл павлака за готвење, 150 кашкавал, Сол, црн пипер, зачини по вкус.


Приготвување: Пилешкото месо исечкајте го на помали коцкички, додајте ги исечканиот кромид и зачините. Потоа скршете едно јајце во смеса и убаво соединете ги состојките, па направете топчиња.
Печете ги во загреана рена на 180 степени Целзиусови, 10-15 минути. Во меѓувреме подгответе го преливот од изренданиот кашкавал, течната павлака и лукчето. Прелејте ги месните топчиња па вратете ги во рерна на уште 15-20 минути, односно додека да се впие павлаката во топчињата, а кашкавалот да се растопи.