Неверојатна можност: Шанса да преспиете во куќата во која е роден Хари Потер (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ако сте дете родено во 90-тите или крајот на 80-тите сигурно растевте со волшебникот Хари Потер, без разлика дали се работи за книгите или филмовите. Огромен број на деца, но и возрасни со години наназад како што излегуваа продолженијата на познатата сага за Потер се повеќе се внесуваа во магичниот свет и замавнуваа со секое стапче кое ќе им дојдеше при рака. Ако сте и вие еден од нив тогаш сигурно ќе ве израдува веста дека можете да преспиете во куќата во која е роден најпознатиот волшебник на сите времиња.

Секако дека станува збор за Хари Потер и куќата која во филмот беше дом на неговите родители Лили и Џејмс Потер, а се изнајмува преку веб-сајтот „Airbnb“. Да не дојде до забуна, станува збор за куќата во која Хари Потер ја помина првата година од животот, пред лордот Волдеморт да го одземе живото на неговите родители, а не за домот на семејството Дадли каде што живееше до заминувањето во Хогвортс.

Се работи за средновековна англиска куќа. Куќата „DеVere“ се наоѓа во градот Лавенам во округот Сафок и е една од најмагичните средновековни куќи во тој дел од земјата. Датира уште од XIV век и задржала голем број од карактеристиките од тој период, како дрвените конструкции, каминот, ѕидните слики, спиралниот столб кој е рачно исклесан со украси на циглите. Изградена е во еклектичен стил и гостите може да ги користат сите соби и бањи, како и собата за читање со камин и градина.

Во цената е вклучен и англиски појадок кој ќе ви биде послужен во трпезаријата, во главниот дел од куќата. Со оглед на градбата и староста на куќата газдите нагласиле дека не е дозволен престој за кучиња и деца и дека куќата не е пристапна за лица со попреченост.

Куќата се изнајмува на најмалку две ноќи, а цената за две лица е 18.270 денари. Освен што ќе спиете во домот на Хари Потер ќе бидете опкружени и со историјата на Велика Британија, како и со серијалот за најпознатиот волшебник на светот. Имено, Лавенам во филмот го „глумеше“ измисленото село Годрикова Долина. Куќата можете да ја изнајмите дури и на еден месец, па така ќе имате време да ги доживеете сите соништа за Хари Потер.