(ФОТО) Неверојатна трансформација на Мартија Станојковиќ – нема да ја препознаете

loading...

Младата и талентирана Мартија Станојковиќ, која јавноста ја запозна преку учеството во регионалното музичко шоу за таленти „Пинкови ѕвездички“, како и по претставувањето на Македонија на детската Евровизија во 2016 година, денес изгледа сосема поразлично.

Оваа шармантна млада дама е голема љубителка на модните трендови, па постојано изненадува со трансформациите кои ги прави на себе. Пред неколку месеци ја обои косата во неколку различни нијанси, а сега целосно го трансформираше имиџот – како со фризурата, така и со изборот на гардероба.

Мартија е една од поактивните членови на социјалната мрежа Инстаграм, каде постојано реди нови објави, а од последните тешко би можеле да ја препознаете дека станува збор за истото малечко девојче.