Неверојатна приказна на Сара од Подгорица, самохрана мајка на близначки со Даунов синдром (ФОТО)

loading...

Сара Хуремовиќ од Подгорица која целиот регион ја смета за хероина е самохрана мајка на близначки до Даунов синдром, за неколку месеци на свет ќе донесе уште едно девојче.

Сара ги има десетгодишните Ирма и Илда кои со нетрпение го очекуваат доаѓањето на сестричката. Како што нивната мајка е во 24 недела од бременоста, породувањето се очекува во декември.

Оваа 30 – годишна жена доста е активна на Инстаграм каде често со нејзините 70 000 следбеници споделува како изгледа секојдневниот живот со нејзините ќерки и сите убавини на нивното растење.

-Кога докторите ми кажаа дека Ирма и Илда имаат Даунов синдром, за момент бев изгубена во простор и време. Ми беше тешко поради приказната која ми ја раскажа генетичарот. Беше директен и доста суров…Кога поминаа неколку часа, се освестив и си кажав на себе си:„Го можам јас тоа. Одиме понатаму“. Бев борец целиот живот ќ бидам и сега. На само девет години продавав бурек во дуќанот на татко ми и заработував за себе. Тоа што тие се поинакви никако не може да биде мотив да се откажам“ , раскажала таа во една прилика и докажала дека за неа навистина не постојат препреки, иако го родила доста млада, на само 20 години.

https://www.instagram.com/p/Bkhoe4yh3uo/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Во подигањето на девојчињата на Сара и помагаа нејзините родители, а сега има поддршка и во сопругот Веско.

https://instagram.com/p/BmNbdQyAbkS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/BknKHzHh7CK/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control