Неверојатно лесно: Со помош на овој трик исчистите ги тенџерињата кои загореле

ИЗВОРСкопје24
|

Постои лесен и едноставен начин да ги исчистите и најзагорените тенџериња дома.

Се што треба е да ставите вода, да ги вратите на рингла и да ставите малку прашок за алишта или коцка за во машина за садови. Нека зоврие, па се ќе светне без мака.

Целиот процес погледнете го во продолжение:

Супер трик: Отстранете ги налепниците од стаклените садови брзо и лесно

Откако сте ги испразниле теглите од она што го имало во неа, соберете ги, колку што можете, во најголемиот лонец кој го имате.

Ставете ги во лонецот и ставете вода доволно да ги прекрие, додајте малку детергент за миење садови и варете додека налепниците сами не се отстранат и не испливаат.

Откако ќе ги извадите од вода, додека се се уште топли, лепливите подрачја истријте ги со четка или жица за садови и малку сода бикарбона. За неколку секунди би требало да бидат потполно чисти.

На овој начин можете да исчистите неколку стаклени тегли, во зависност каков лонец имате и колку ви треба.


Исчистените стаклени тегли искористете ги за зимница, слатко или џем. Стаклените тегли можат да ги заменат пластичните амбалажи, па во нив да чувате тесенини, шеќер, сол или зачини.