Неверување во светот на модата: Познат бренд ангажираше манекенка без преден заб, и ги воодушеви сите

ИЗВОРСкопје24
|

Манекенката без преден заб треба да ги претставува сите реални и природни жени.

Луѓето низ целиот свет беа воодушевени кога ланецот на облека „Примарк“, ги претстави костимите за капење со манекенка на која што и недостасува преден заб.

Фотографиите прикажуваат два модели, Симон Лу и „плус сајз“ моделот Луси Кнел, кои се замислени како претставнички на сите реални жени.

Купувачите реагирале позитивно со коментари дека многу е убаво да се види некој кој нема совршено бели заби на рекламите. Другите биле воодушевени од „плус сајз“ манекенката Луси, велејќи дека е прекрасно тоа што жените со вишок килограми сè повеќе можеме да ги видиме во светот на модата.

„Оваа девојка е вистинска инспирација. Неодамна ставив протези, заради празниот простор кој го имам меѓу забите. Таа изгледа преубаво. Горда сум на неа и на Примарк“ – напишала некоја девојка на “Твитер“.

Некоја мајка исто така напишала колку е убаво тоа што „Примарк“ за модели користи вистински жени, за нејзините деца утре да не си помислат дека треба да изгледаат на тој еден општоприфатен начин.