Невиден раскош и убавина: Лила Филиповска покажа со што располага во преубавата Анталија

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата телевизиска водителка и воедно највлијателен инфлуенсер во Македонија, Лила Филиповска деновиве ужива ни повеќе ни помалку туку во преубавата Анталија. На ова патување таа е заедно со нејзиниот најдобар долгогодишен пријател и асистент Спасе кој е задолжен за фотографиите кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи, а последно фотографиите кои и ги направи во Анталија кои се повеќе од одлични.

На ова таканаречено Велигденско патување организирано преку туристичката агенција Фибула травел Лила им покажа на своите следбеници што е вистинско уживање, а воедно и топла препорака дека Анталија е туристичката дестинација за ова лето. Убавата водителка преку своите објави на Инстаграм ја доловува Анталија токму како место кое задолжително треба да се види. Преубавото море, ситната песок и сончевите зраци дефинитивно се она што ни треба да сите, а токму овие убавини ја натераа и Филиповска да го покаже сиот свој раскош со кој располага.

Лила, инаку во Анталија пристигна во текот на вчерашниот ден, па најпрво следеше обиколка на хотелот во кој е сместена, а погледот кој таа го има од својата соба е воодушевувачки.

Во текот на денот на листата кои задолжително треба да се посетат беше и плажата која инаку се наоѓа на само неколку минути од самиот хотел, а Лила посебно воодушеви со својот изглед на плажа.

Во розев косим за капење со фенси наочари и пијалок во раката Лила ги собра сите погледи во Анталија. Од приложеното се гледа дека таа одлично се подготвила за летото.

– Кога позираш и мислиш те слика, а он си прави видео… нема лажи, нема преваре, нема филтер, нема фотошоп.

И кога веќе детално го анализиравме првиот ден од ова патување на Лила, денешниот буквално ќе ве остави без зборови. Посебно вредно за коментар е кралскиот третман кој Лила го добива во хотелот.

-Утринско разгалување на сите сетила, традиционален турски појадок, поглед кој остава без здив и средата мора да е среќна.

Имено, Лила утрово доби појадок на терасата од својата соба, трпеза обилна карактеристична за Турција, а до неа Лила позирајќи со пешкир на главата и розева наметка со букет рози на масата токму како што и заслужува таа.