Невидена фотографија од Адријана Алачки од пред 34 години

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачката Адријана Алачки ја гледаме како ТВ водителка и главна готвачка во емисијата „Вкусот на традицијата“, а често е активна и на Фејсбук.

Таа на социјалните мрежи често знае да сподели фотографии додека е во работна атмосфера. Но, на нејзиниот времеплов може и видиме и фотографии кои ги објавиле нејзините пријатели.

Така неодамна се појавија ретро фотографии од неа, на кои многумина сигурно не би ја препознале. ТВ водителката е облечена во народна носија и на која таа игра оро.

Фотографијата е од пред 34 години, односно од 1984 кога Алачки со своето културно уметничко друштво била на турнеја во Канада.