Невидено невреме го зафати Загреб: Поплавени улици и подруми (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Синоќа околу 20 часот, и Загреб беше погоден од силно невреме, проследено со грмежи и засилен ветер.

Силен дожд го зафатил главниот хрватски град, а во некои делови паѓало и град.

Порталот Индекс.хр ги пренесува зборовите на читателите дека на некои места градот имал големина на лешник, а на некои места паднале гранки, што го отежнал сообраќајот. Поројниот дожд, велат тие, повторно ги поплавиле улиците и подрумите.

Исто така големо невреме завчера ја зафати Струмица. Под вода целосно се најде центарот на градот, плоштадот и градскиот парк, а беа поплавени и неколку локали. Невремето предизвика порои во струмичко, заради што има голема материјална штета.