Невремето уништи автомобили и скрши дрва – Дождот во Чаир ги поплави улиците, граѓаните извадија трски за риболов

|

Силен ветер и дожд попладнево ја зафати територијата на Скопје, при што настанаа и проблеми на одредени делови од градот.

Автопатот Тетово-Скопјебеше во прекин веднаш по невремето, а исто така паднати се повеќе суви дрвја, кои направија штета и на неколку автомобили. За ова се огласија и од ЈКП Гази Баба, кои посочија дека веднаш е реагирано и сегде каде што има проблем, истиот да се пријави.

-Во текот на денешниот ден а како последици од невремето со дожд и ветар на територија на Општина Гази Баба, добивме повик дека во населба Автокоманда има паднато неколку суви дрвја по кои што ЈКП “Гази Баба 2007” веднаш реагираше и истите навремено ги одстрани.

Во текот на денешниот ден а како последици од невремето со дожд и ветар на територија на Општина Гази Баба, добивме…

Gepostet von ЈКП „Гази Баба 2007“ am Freitag, 3. Juli 2020

По половина час врнежи од дожд, улиците на Чаир се поплавија, а некои граѓани извадија трски за риболов.

На многу групи и страници на социјалните мрежи се објавија снимки каде се гледа како дождот создава поплави, а граѓаните обвинуваат дека главни причини се изградбата на улиците и канализациите.

https://www.facebook.com/watch/?t=11&v=294604018252797