Невремето во Скопје турна дрво во центарот на градот

ИЗВОРСкопје24
|

Изминативе неколку дена Македонија е под силна влажна воздушна маса, што резултираше со невреме на територијата на речиси целата држава. Невремето беше поизрасено во западните и југозападните делови од земјава, но истото го зафати и главниот град Скопје.

Токму невремето кое го зафати Скопје ноќеска, турна дрво во центарот на градот, па тоа утрово блокираше дел од улицата Орце Николов кај Соборниот храм.

Инаку, во главниот град се почеста е сликата на падната дрвја, чии поткопани корења излегуваат плитко над асфалот, па при секој дожд, ветер или невреме паѓа по некое дрво на улиците. За среќа овој пат не предизвика никаква штета, ниту материјална, ниту човечка.