„НИЕ ЗА НАС“: ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА СО ПОРАКА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА МЛАДИНАТА И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

ПОКАНА за ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА ПОД МОТОТО „НИЕ ЗА НАС“ ПОРАКА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА МЛАДИНАТА И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

ИЗВОРСкопје24
|

Во пресрет на празникот 11 октомври, Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, во насока на подигнување на свеста кај младите за важноста од водење здрав живот, спортување, грижа за животната средина и околината, како и културата на нашата земја, Општина Ѓорче Петров, организира манифестација и велосипедска трка под мотото НИЕ ЗА НАС. На Велосипедската трка ќе учествуваа ученици од основните и средни училишта во општина Ѓорче Петров.

За подобра иднина за младите и идните генерации, потребно е да се почне од малите нешта, токму затоа манифестацијата НИЕ ЗА НАС, се организира пред големиот празник 11 октомври како симбол за одбрана на доброто, достоинството и поттикнување на добрите дела за силна, модерна и европска Македонија.

Манифестацијата ќе бидe придружена со организација на културен настан на играорци, пејачи и велоспиедска трка. Покровител и организатор на настанот е општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски. Поддржувачи на настанот се СТEП Маркет и Митковски ММ.

Дата: 10.10.2019 (четврток)
Место: Ул. Христо Батанџиев ( Игралиште Ѓорче Петрвок)
Почеток на велосипедската трка: 10:00 часот
Почеток на културниот настан: 17:00 до 21:00 часот