Никогаш не се лутеше, сè решаваше со насмевка, вели таткото на Влатко Илиевски

ИЗВОРСкопје24
|

Пред два дена Влатко Илиевски требаше да слави роденден и доколку уште беше со нас ќе наполнеше 35 години. Пејачот, автор, актер и водител го напушти овој свет на 6 јули во 2018 година. Како што открива неговиот татко за „Женски магазин“, наскоро ќе биде издадено цд со 19 песни, внимателно ги избрани од семејството на Влатче – таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа.

„Албумот не е комерцијален, нема да се продава, ќе го подариме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува. Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше. Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка“, вели неговиот татко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител.

По повод неговиот роденден и познатата фризерка од Кривогаштани наслика негов портрет со коса и на тој начин му оддаде почит на пејачот.

„За Влатче кој денес ќе наполнеше 35 години. За специфичниот рапав и милозвучен глас и лик, кој ја красеше и беше огромно богатство за Македонија.. за тебе Влатче“ – напиша фризерката.