Никој не верува дека браќата се близнаци: Исто се а толку различни!

|

Нивната мајка вели дека нејзините синови се вистински селебрити каде и да се појават. Родени се во февруари оваа година а сите биле во шок кога дошле ан свет. Но, набргу сфатиле колку се посебни…

Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се близнаци. Даниел и Дејвид се родени со една минута оддалеченост. Близнаците се родени во февруари годинава во Лагос, Нигерија, а нивните родители, мајката Стејси (30) и таткото Бабаџид (38) велат дека луѓето често знаат да ги прашуваат дали и двајцата синови се нивни. Бидејќи Даниел е сликата и прилика на неговите родители, Дејвид има деликатна, целосно бела кожа и коса со златна боја. Двојката има и постара ќерка, четиригодишната Демиладе, која е исто така црна како и нејзините родители.


Сепак, науката за вакви случаи има објаснување, а вели дека има две можни опции. Едното е дека малечкиот Дејвид е албино, а другиот е од дамнешно време, во генеологијата на семејството, имало белци што ги оставиле гените и дека сега дошле до израз.
Тоа можело да биде и многу одамна, така што родителите близнаци дури и не знаат дека имаат бел човек во семејното дрво. Меѓутоа, ако Дејвид е албино, ова поедноставено значи дека му недостасува генот одговорен за пигментацијата на кожата.„Случаите како овој, каде едниот близнак е со темна кожа, а другиот е сосема спротивно, се многу ретки, но не и невообичаени. Секогаш може да се случи на едниот близнак да му недостасува ген што го има другиот. На крајот на краиштата, ниту еднојајчаните близнаци не се сосема исти“, велат докторите.
Близнаците, вели мајката, веќе се вистински славни лица каде и да се појават.