Никола симболизира „победа на народот“, а луѓето со ова име се динамични, креативни и неуморни

ИЗВОРСкопје24
|

Оригиналната форма на името е: Νικόλαος, а Никола е име со грчко потекло. Значење на името се состои од два збора: νίκη – победа и λαός – народ. Преносното значење е „победа на народот“ или „победнички народ“.

Никола е особено популарно име во Македонија, а една од најголемите христијански празници го прославува токму ова име.

Според нумерологијата пак, луѓето коишто го носат името Никола имаат тенденција да покажат траги на динамичност, интелигенција и креативност, тие се личности со вреден и неуморен карактер.

Оној што го носи името Никола е генерално многу дисциплинирана и практична личност, и нема проблеми да ги извршува повеќето задачи. Една од негативните црти на човекот со име Никола е неговата тенденција да биде многу (само) критичен.

Колку луѓе по име Никола се присутни во вашиот живот?